Столтенберг: Продолжуваме да им помагаме на Македонија, БиХ и Грузија да влезат во НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во интервју за турската новинска агенција Анадолија изјави дека вратата на Алијансата е отворена за нови членки, за што најдобар доказ е ланскиот прием на Црна Гора.

„Продолжуваме да работиме со Македонија, Босна и Херцеговина и Грузија. Давајќи им поддршка на трите земји кои сакаат да бидат членки, ние им помагаме да ги постигнат нивните евроатлантски цели“, рече првиот човек на НАТО.

Столтенберг во интервјуто се осврнува и на отворените прашања кои предизвикуваат остри тензии меѓу Турција и Грција и порачува „тие сами да си ги решат меѓусебно, бидејќи тоа не е работа на НАТО“.