Каталонците на протести за ослободување на нивните притворени лидери

Неколку илјади поддржувачи на идејата за независност на Каталонија од Шпанија, денеска организираа протестен марш низ центарот на Барселона со барање за ослободување на каталонските сепаратистички лидери, кои се наоѓаат во притвор.

Кон протестите се приклучија и двата најголеми синдикати во Каталонија, иако голем број нивни членови не ја поддржуваат идејата за отцепување на овој автономен регион од Шпанија.

Организатири на протестот беа неколку невладини организации предводени од групите Катлонско народно собрание (АНЦ) и Омниум, чии лидери се меѓу деветмината сепаратиситчки лидери, кои во притвор го очекуваат почетокот на судските процеси против нив под обвинение за бунт, потикнување бунт и злоупотреба на јавни средства, во врска со организирањето на ланскиот референдум за независност на Каталонија.