“ОБСЕ го поддржува процесот на развивање на независно и непристрасно судство со професионален кадар, кој не е подложен на влијание. Потребни се систематски промени и гледам дека започна обемен и системски процес на реформи. Сметам дека зголемувањето на довербата во судството и натамошната професионализација на судскиот систем треба да бидат приоритети, така што граѓаните ќе може да бидат сигурни дека нивните права се почитувани и поддржани од судовите. Во врска со работата на Канцеларијата на Специјалното обвинителство би сакала да истакнам дека од неговото формирање подигнати се 20 обвиненија, при што сите беа потврдени и судењата се во тек. Ова го сметам за успех“.
Ова, во интервју за МИА, го истакна Нина Суомалајнен, шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, која е пред заминување од Македонија. По тригодишна работа во Македонија таа оди на позицијата извршен директор на невладината „Брз одговор за правдата“, со седиште во Женева.