Договорен состанок меѓу Трамп и Ким Џонг Ун

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ја пофали Кина за покажаната помош во затоплување на односите со Пјонгјанг. Тој додаде дека веќе се договорени состаноци помеѓу него и лидерот на Северна Кореја Ким Џонг Ун.

„Тие навистина ни помогнаа околу прашањето за Сверена Кореја. Беа фантастични и ни помогнаа да дојдеме до некаков договор,“ рече Трамп говорејќи за Кина.

Истакна дека Соединетите Држави пристапуваат со почит кон претстојните средби и ќе видат што понатаму ќе се случува.