Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров и неговиот грчки колега Никос Коѕијас во владината вила во Охрид ја почнаа новата рунда разговори за надминување на разликите во спорот за името.
По средбата е предвидена прес-конференција за медиумите. И двајцата дипломати во пресрет на средбата истакнаа дека очекуваат позитивен напредок во разговорите.