Финансиската полиција за задржувањето на владиката Петар: Има истрага, ќе ве информираме

Илустрација - Урава за финансиска полиција

Управата за финансиска полиција во врска со задржувањето на владиката Петар денеска на Меѓународниот аеродром Скопје соопшти дека има одредени сознанија, но бидејќи се работи за предмет кој, како што наведува, е во предистражна постапка не е во можност да сподели информации со јавноста.

Во врска со информациите околу денешните случувања со владиката Петар, кога истрагата ќе биде во фаза која дозволува споделување на информации со јавноста, а тие нема да ја нарушат истата благовремено ќе информираме, соопшти Управата за финансиска полиција.

Митрополитот преспанско-пелагониски Петар денеска потврди дека накратко бил задржан на Скопскиот ааердором на барање на Финансиската полиција, но за детаљи упати кај неговиот адвокат.