Владиката Петар задржан, па пуштен од финансиската полиција на скопскиот аеродром

Митрополитот Преспанско-пелагониски Петар денеска бил задржан на Меѓународниот аеродром Скопје на барање на Финансиската полиција, потврди владиката, објави МИА.

Ниту Финансиската полиција, ниту МВР, ниту САС на МПЦ-ОА, не дале одговор за причините за кусото задржување на владиката Петар.

Според МИА, владиката Петар само кратко изјавил заинтересираните за детаљите за неговото задржување да се обратат кај неговиот адвокат.