Германската канцеларка Ангела Меркел изјави денеска дека планот за новиот гасовод кој ќе ја поврзува Русија со нејзината земја нема да може да се оствари доколку не се разјасни улогата на Украина како транзит пат.
Таа за време на прес-конференцијата со украинскиот претседател Петро Порошенко посочи дека не се работи само за економско прашање туку прашањето има и политички аспект. Северен тек 2 кој треба од Русија преку Балтичкото море да стигне до Германија ќе го зголеми за двојно постојниот капацитет на Северен тек.