Хејли: дојде моментот за правда во Сирија

Американската амбасадорка во Обединетите нации Ники Хејли

Американската амбасадорка во Обединетите нации Ники Хејли изјави во Советот за безбедност дека дојде моментот за правда по нападот со хемсико оружје во сирискиот град Дума. „Дојдовме до моментот кога светот треба да ја види правдата“, изјави таа, наведувајќи дека хемиски напад може да изведе само „чудовиште“. „САД се решени чудовишетото кое фрла хемиски бомби врз сирискиот народ да ги плати сметките“, рече Хејли. На седницата на Советот за безбедност францускиот амбасадор Франсоа Делатр ја обвини Русија за хемискиот напад во Дума. „Ниту еден сириски авион не полетува, а претходно за тоа да не бидат информирани руските сојузници“, изјави тој.