ЕУ го повика Орбан да ги почитува европските вредности

Унгарскиот премиер Виктор Орбан

ЕУ ја повика Унгарија да се стави во одбрана на европските вредности откако десничарскиот премиер Виктор Орбан победи на изборите и освои нов трет мандат по ред на функцијата.

„ЕУ е унија на демократија и вредности“, изјави портпаролот на Европската комисија, Маргаритис Шинас додавајќи дека одбраната на тие вредности е заедничка должност на сите земји членки без исклучок. Брисел постојано е во судир со Орбан околу неговата антиимиграциона политика, како и неговиот прогон на невладините организации.

Шинас најави дека претседателот на ЕК, Жан Клод Јункер ќе му напише писмо на Орбан во кое ќе му ја честита победата и ќе го повика утре на средбаза да разговараат за прашања од заеднички интерес.