ОН го предупредија Израел за употребата на сила на границата со Појасот Газа

Погребот на убиениот Палестинец за време на протестите против Израел пред една недела

ОН го повикаа Израел да се осигура дека безбедносните сили на земјата нема да употребат сила против палестинските демонстранти на границата со Појасот Газа.

Портпаролот на канцеларијата за човекови права на ОН, Елизабет Тросел изјави дека огненото оружје треба да се користи само во краен случај и неоправдана употреба може да значи намерно убиство на цивили со што се прекршува Четвртата Виенска конвенција.

Еден Палестинец почина од повредените здобиени за време на протестите против Израел пред една недела. Во конфронтацијата со израелската војска која започна на 30 март досега загинаа 20 Палестинци.