Основниот суд Куманово денеска на првообвинетиот Бобан Илиќ во „случајот Алмир“ му одреди казна затвор од шест години. Судот за виновен го прогласи и таткото на Алмир, второбвинетиот Седат Алиу на казна затвор од шест месеци. По девет месеци затвор добија и останатите обвинети Сами Демири и Абдула Алиу. Адвокатите на обвинетите соопштија дека ќе ја обжалат пресудата.
Четиригодишниот Алмир Алиу беше прегазен со автомобил на 25 јуни 2016 година по банална расправија за ред во Здравствениот дом во Куманово, која прераснала во физичка пресметка меѓу таткото на детето и Бобан Илиќ. Во обид да избега, Илиќ со својот автомобил го згази детето.
Во минатиот месец беа организирани и протести против преквалификацијата на делото во случајот. Илиќ прво беше обвинет за убиство, но обвинението потоа беше променето во тешко кривично дело против безбедноста во сообраќајот.