Кон средината на идната недела, по велигденските празници, грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас повторно ќе допатува во Скопје и ќе се сретне со министерот Никола Димитров, пишува „Независен весник“ повикувајќи се на дипломатски извори.
Интензивирањето на состаноците меѓу Коѕијас и Димитров, според грчките медиуми пак, укажува на подготвеноста на двете страни да постигнат решение околу нивните разлики, што беа утврдени на преговорите деновиве во Виена. Според грчките медиуми, за Грција принципот “ерга омнес” е непрекршливо правило, исто како и промената на Уставот. За Македонија, црвени линии и натаму остануваат именувањето на јазикот и на националноста.
Со повеќе од два месеци интензивни консултации околу барањата на двете страни, Коѕијас и Димитров, според грчките медиуми, сега се фокусирани на запознавање на јавноста со оние точки за кои се смета дека можат да предизвикаат проблеми и реакции.