Премиерот Зоран Заев по денешната средба со министерот за надворешни работи Никола Димитров изјави дека има позитивен исчекор во разговорите за името. Според него, условеноста во разговорите значи дека имало договор и за оние прашања кои сега се исчекор кога комплетно би се договорило се.
„Ако некој ме праша дали сум повеќе или помалку оптимист и позитивен, јас сум повеќе позитивен и поголем оптимист после оваа средба што Димитров ја имаше со Коѕијас во Виена под раководство на посредникот Метју Нимиц“, изјави Заев.
Тој порача и дека лидерска средба за името би можело да се одржи по велигденските празници.