Кина воведе царини на 128 американски производи

илустрација

Кина воведува увозни такси на месо, овошје и други производи од САД како одговор на американските даноци за челик и алуминиум што ги воведе претседателот Доналд Трамп. Царините, според Министерството за трговија на Кина, ќе се применуваат од денеска. На свинското месо од САД таксата ќе биде 25 насто, додека за другите производи и услуги, вклучувајќи овошје, таа ќе изнесува 15 проценти.