Американските и јужнокорејските воени сили денеска ги започнаа своите годишни заеднички вежби , по едномесечно одложување поради Зимските олимписки игри . Вежбата ќе траат четири недели, што е за околу половина помалку од времето на минатогодишните маневри. Вежбите ќе вклучуваат комбинирани копнени, воздушни, поморски и специјални операции. Портпаролот на Пентагон изјави дека на вежбите ќе имаат околу 23.700 американски војници и 300.000 јужнокорејски сили. Северна Кореја во минатото ги критикуваше воените вежби на САД и Јужна Кореја како подготовки за инвазија, но овој пат немаше вакви забелешки