Десетици Палестинци загинати за време на протестот во Газа

Палестина: палестинци на протест во близина на израелската граница. 30.03.2018

Десетици Палестинци се убиени и стотици се повредени во судирите со израелските војници по должината на границата меѓу Израел и Газа, соопшти палестинското Министерство за здравство.

Од Министерството наведуваат дека меѓу повредените на 30 март има демонстранти кои биле погодени од гумени куршуми и со солзавец.

Палестинците во појасот Газа започнаа шестнеделен протест во близина на израелската граница, а бараат на палестинските бегалци да им биде дозволено да се вратат на територија која е сега под контрола на Израел.

Израелски војници се распоредени по должината на границата.

Повикот за протести беше направен од страна на палестинската ислмска милитантна група Хамас, која владее во појасот Газа.

Според Обединетите Нации, околу 1,3 милиони од вкупно два милиони жители во Газа се бегалци или потомци на бегалци, а демонстрантите бараат да им биде дозволено да се вратат на земја која сега е во Израел.