Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски на денешна прес-конференција изјави дека бројот на вработени во јавниот сектор изнесува 139.009 во 1304 институции согласно состојбата до 31 декември минатата година.
Тој презентирајќи го годишниот извештај од Регистарот на вработени во јавниот сектор посочи дека најмногу вработени има во секторите образование и здравство. Во поглед на половата застапеност во јавниот сектор 54 проценти се жени, а 46 отсто се мажи.