Ден на жалост во Русија за жртвите од пожарот во трговски центар

Погреб на една од жртвите во пожарот во сибирскиот град Кемерово

Во Русија денеска е ден на жалост за жртвите од пожарот во трговскиот центар во сибирскиот град Кемерово. Во исто време се одржува и погребот на некои од загинатите лица.

Заменик министерот за вонредни состојби Владен Аксионов изјави дека нема пријави за исчезнати лица, што значи дека финалната бројка на жртви е 64, од кои повеќето се деца. Според руските власти, 76 лица биле повредени во пожарот од кои 25 биле хоспитализирани.