Триесетина граѓани вечерва излегоа пред споменикот Воин на коњ на плоштадот во Скопје во знак на протест против протерувањето на руски дипломат од Македонија. Со македонска музика и руски и македонски знамиња тие изразија несогласување со владината одлука.
Министерот за надворешни работи Никола Димитров на денешната прес-конференцијата со неговата австриска колешка Карин Кнајсл изјави дека одлуката за протерување на рускиот дипломат од земјата ја донеле по внимателно размислување и анализа и поради две причини- да се покаже солидарност со Британија, поради труење со хемиско оружје на поранешниот руски двоен агент и бидејќи протераниот дипломат излегол од својот мандат.
Тој тврди дека протераниот дипломат се обидел да добие класифицирани информации важни за безбедноста на Македонија.