Руска амбасада - Одговорноста за последиците од протерувањето руски дипломат е во Македонија

Знамињата на Руската Федерација и на Македонија

Одговорноста за последиците по одлуката за протерување руски дипломат од Македонија целосно ќе биде на македонска страна, реагира руската амбасада во Македонија на Твитер.

Руската амбасада смета дека протерувањето нивен дипломат е исклучително непријателски и неоправдан чекор, без преседан во руско-македонските односи.

Претходно, МНР информира дека Македонија одлучи да протера еден руски дипломат, поради случајот Скрипал.

Во соопштението се наведува дека одлуката е донесена „во тесна консултација со нашите сојузници и партнери од ЕУ и НАТО и во солидарност со Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска“.

Британскиот амбасадор Чарлс Гарет ја поздрави одлуката.

САД, Канада и 14 земји од ЕУ денеска истовремено одлучија да протераат руско дипломати од нивните земји поради труењето на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал во Велика Британија.