Врховниот суд им го замени притворот на пратениците Крсто Мукоски и Сашо Василески и на поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков со домашен притвор. Тие се осомничени за насилствата во Собранието на 27 април минатата година.
Уште петмина осомничени за насилствата од притвор се пуштаат во домашен притвор, а четворица остануваат во затворот во Шутка.
Тројца остануваат во домашен притвор, а на четворица осомничени, пак, им се укинува куќниот притвор и им се определени мерки на претпазливост, односно треба еднаш неделно да се јавуваат во основниот суд на чија територија имаат живеалиште.