Британија ја обвини Русија дека сака да ја оддалечи од сојузниците

Британскиот секретар за одбрана Гавин Вилијамсон

Британскиот секретар за одбрана Гавин Вилијамсон изјави дека многу земји стојат зад Британија во врска со труењето на поранешниот руски двоен агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија и се спротивставуваат на напорите на Москва да го подели западот.

Според него, рускиот претседател Владимир Путин сака да ја оддалечи Британија од нејзините сојузници. Британија ја обвинува владата на Путин дека употребила нервен гас развиен за време на Студената војна со цел да го нападне и убие Скрипал.