Најмалку 56 лица загинаа во пожарот кој избувна во трговски центар во сибирскиот град Кемеровo. Бројката на жртви, според руските власти, се очекува да расте бидејќи спасувачките екипи се уште се обидуваат да стигнат до најгорните катови на шопинг центарот, но тоа им е отежнато бидејќи се урнал кровот на објектот.
Меѓу жртвите има и деца. Четири лица се на сослушување за случајот, меѓу кои и шефот на компанијата која го изнајмува просторот каде се верува дека започнал пожарот. Се уште не се знае причината за пожарот.