Заев почнува разговори за поголемо мнозинство во Собранието

Седиштето на СДСМ

Претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев започнува разговори со други политички субјекти за зголемување на парламентарното мнозинство, во насока на поширока поддршка на започнатите реформски процеси, се вели во соопштението од оваа партија, по синоќешната седница на Централниот одбор. „Оваа недела започнувам разговори за зголемување на парламентарното мнозинство. Целта е, преку разговор со други политички субјекти да обезбедиме поширока поддршка на реформскиот процес и на реализација на Планот 3-6-9. Во оваа насока оставаме простор, преку политички дијалог и со опозицијата, клучните закони, за кои е потребно пошироко мнозинство, да бидат донесени и со учество на опозицијата“ порачал Заев.

На седницата биле избрани и тројца нови членови на Централниот одбор кои пополнуваат дел од испразнетите места. Костадин Костадинов, Андреј Жерновски и Чедомир Саздовски се избрани за нови членови на Централниот одбор.