Парламентарни избори во Туркменистан

Гласачите во Туркменистан започнаа да гласаат на парламентарните избори во централноазиската земја, богата со гас, со која долго време владее авторитарниот претседател Гурбангули Бердимухамедов. Според упатените, сите кандидати од трите партии и неколкуте независни гласачи, му се лојални на Бердимухамедев, вклучувајќи го и неговиот син, Сердар Бердимухамедов, за кој се смета дека ќе биде претседателски наследник.

Во јануари, невладината група "Фридом хаус" со седиште во Вашингтон го посочи Туркменистан меѓу 12-те "најлоши од најлошите земји" за политичка слобода и граѓански слободи. Ниту едни од претходните избори не се сметаа за слободни или фер од страна на западните набљудувачи. Гурбангули Бердимухамедов го освои својот трет претседателски мандат во февруари со 97 отсто од гласовите. Околу 284 кандидати се натпреваруваат за 125 пратенички места. Се очекува гласањето дополнително да го зајакне профилот на Сердар Бердимухамедов, кој веројатно ќе освои лесна победа. Во јавноста многу малку е познато за него. Работел во државната нафтена и гасна индустрија и во министерството за надворешни работи, пред да го преземе своето парламентарно место.