Решението за кое преговара македонската влада треба да ги запазува државните и националните интереси, истакнал претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на попладневната средба со министерот за надворешни работи Никос Коѕијас кој престојува во Скопје. Како што соопшти опозициската партија, Мицкоски истакнал дека ВМРО-ДПМНЕ е за развивање на добрососедски односи, базирани на искрено пријателство и меѓусебно почитување.
„Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски посочи дека Република Македонија мора да продолжи со својата евроатланска агенда и процесот да биде одблокиран. Тоа ќе придонесе и за интеграција и стабилизирање на регионот преку засилена соработка во рамките на глобалните структури кон кои тежнее Република Македонија и природно припаѓа“ се наведува во партиското соопштение.
На средбата, како што пишува, Мицкоски ги афирмирал официјалните ставови и позиции на ВМРО-ДПМНЕ поврзани со спорт за името.
„Oд ВМРО-ДПМНЕ беше изразена загриженост за одредени чекори во грчкото општество кои иритираат и поттикнуваат негативи чувства кон Република Македонија и истите не се од помош на целокупниот процес“ се наведува во соопштението.