Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска се сретна со шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас. Двајцата разговарале за напредокот во меѓусебната соработка, активностите на двете земји за унапредување на комуникацијата, како и мерки за градење доверба меѓу двете земји.
„Имаме голем напредок во комуникацијата меѓу двете земји, што води кон очигледно зголемување на довербата меѓу државите, но и севкупно, зголемување на довербата меѓу двете општества“ , рекол Османи, изразувајќи надеж дека тоа набргу ќе резултира и со надминување на отворените прашања.
Османи, како што соопшти Секретаријатот за европски прашања изразил задоволство од успешниот старт во примена на мерките за доверба, како што е преминување на земјава во втората фаза од Спогодбата за стабилизација и асоцијација, како и пристапот до Јадранско-јонскиот регион.
Двајцата соговорници се согласиле дека евро-атлантските интеграции на земјава се единствена алтернатива со која ќе се зајакнат и стабилноста и безбедноста на регионот, како и да се одржи комуникацијата меѓу двете земји со отворен дијалог за партнерство, се додава во соопштението на СЕП.