Русија жали што ЕУ го повлекува својот претставник од земјата

Рускиот претседател Владимир Путин со претставникот на ЕУ, Маркус Флоријан во октомври, 2017 година

Кремљ изрази жалење за одлуката на ЕУ да го повлече својот претставник во Русија откако европскиот блок донесе заклучок оти е многу веројатно дека Москва е одговорна за труењето на поранешниот двоен агент во Англија.

Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков посочи дека жалат што одлуката е донесена врз основа на веројатност и осудата на ЕУ се базира врз тоа. Лидерите на ЕУ соопштија дека нема друго прифатливо објаснување освен дека Русија стои зад нападот со нервен гас на Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија во градот Салсбери.