Судењето за „Тортура“ денеска беше одложено поради отсуство на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, кој е обвинет во предметот на СЈО. Судот, како што беше посочено, не добил доказ за уредна достава на поканата за Мијаков за денешното рочиште.
Обвинителите од СЈО побараа поканите да му се доставува во четврток, кога Мијалков се пријавува во Кривичниот суд. Судењето е одложено за 7 мај.