Српскиот и косовскиот претседател Александар Вучиќ и Хашим Тачи денеска треба да се сретнат во Брисел за да ја разгледаат вкупната состојба во односите меѓу Белград и Приштина, примената на постојните договори и за да разменат ставови за новата фаза од дијалогот за сеопфатна нормализација на односите. Состанокот во Брисел го организира високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ Федерика Могерини.
Станува збор за прв состанок на високо политичко ниво во рамките на дијалогот меѓу Белград и Приштина од почетокот на годинава, а трет откако минатата година форматот на политичкиот дијалог на двете страни премина од премиерско на претседателско ниво.