Новинарката Сашка Цветковска добитничка на наградата „Сигнал за Европа“ во Виена

Новинарката Сашка Цветковска.

Новинарката од Истражувачката репортерска лабораторија Сашка Цветковска е добитник на годинашната награда „Сигнал за Европа“, којашто ја доделува огранокот на меѓународната новинарска мрежа Репортери без граници во Виена со поддршка на ОБСЕ.

Цветковска ја доби наградата за посебни достигувања во сферата на критичкото и истражувачко новинарство.