Ахмети под истрага на СЈО, Протести за Алмир, Нови тензии меѓу Москва и Лондон, Солзавец за косовските пратеници...

МАКЕДОНИЈА - Одговорност од обвинителите и од судиите кои дозволија преквалификација на делото во случајот Алмир побараа неколку илјади граѓани кои протестираа во Скопје. Велат дека обвинителството во втор пат го убило Алмир.

МАКЕДОНИЈА - Али Ахмети и Никола Груевски се осомничени за прекинување на пописот во новата истрага на СЈО. Груевски е осомничен и во случајот Актор за автопатот Демир Капија – Смоквица. Третиот случај на Обвинителството се однесува на измами и злоупотреби од моќен пратеник и негови блиски и соработници.

ВЕЛИКА БРИТАНИЈА / РУСИЈА / ГЕРМАНИЈА - Демонстрантка со транспарент на кој одразот на рускиот претседател Владимир Путин во огледало е поранешниот советски лидер Сталин. Велика Британија излезе со нови обвиненија дека владата на Путин стои зад труењето на поранешен шпион со нервен гас во Англија, наведувајќи дека одговорноста води до, како што беше речено, оние на врвот на руската држава.

ГРЦИЈА - Насловни страници од грчки весници во кои се поставува прашањето Кој владее со државата. Претседателот на грчката опозициска партија Нова демократија Кирјакос Мицотакис, упати остри критики до актуелната грчка Влада, за политиката што ја води, како во економијата така и во однос на националните прашања. Во критиките за спорот за името тој рече дека е доцна за национален фронт за прашањето со името.

КОСОВО - Пратениците од Движењето Самоопрделување, со фрлање солзавец во собраниската сала, повторно ја прекнаа седницата на која требаше да се гласа за договорот за демаркација на косовско-црногорската граница.

САД - Осомничениот за серија бомбашки напади во и околу Остин, главниот град на американската сојузна држава Тексас се убил за време на големата операција на полицијата, јавија медиуми од САД. Осомничениот наводно детонирал експлозивна направа во близина на автопат.

РУСИЈА - Девојче пука со пиштол за време на воена вежба во Санкт Петерсбур. Руската полиција соопшти дека тринаесет годишно девојче отворило оган со пиштол на гас во регионот Курган при што биле повредени седум нејзини соученици. Според полицијата, девојчето со пиштолот кој припаѓал на нејзиниот татко го извршила нападот меѓу часовите во училиштето. Жртвите се здобиле со модринки по телото.

АВГАНИСТАН - Во самоубиствениот напад пред шиитската џамија во Кабул загинале најмалку 29 лица, а повредени се повеќе од 50 лица, соопшти Министерството за здравство на Авганистан.