Сулаж и Мур наградeни на „Остен биеналето на цртеж “

Мице Јанкуловски и наградениот француски сликар Пјер Сулаж

Добитници за двете главни награди за „Остен биенале на цртеж Скопје 2018“ се Пјер Сулаж од Франција, кој доби Гран при за животно остварување и Хенри Мур од Обединето кралство, кој посмртно добива награда Светско културно наследство. На денешната прес-конференција извршниот директор на Остен Корнелија Конеска информираше дека со Сулаж се сретнале минатата недела, во неговиот дом во Сет, Франција за да му ја врачат статуетката Гран при. Автор на статутката за наградата Гран при е Петар Хаџи Бошков.

“Двете главни награди се одлука на Советот на амбасадори на Остен, што секогаш предлага повеќе автори, меѓу најголемите светски уметници во светот. Овие две награди ги објавуваме порано, во текот на конкурсот на Биеналето на цртеж. Тоа е отворен повик за сите уметници од светот и кај нас веќе стигнуваат нивните пријави,” рече Конеска.

Во просториите на Остен има изложба на фотографии и видео од самата средба и чинот на доделувањето на наградата на Сулаж, а изложени се неколку дела од Херни Мур од колекцијата на Остен Музејот на цртеж