Министерот за правда Билен Саљии поднесе оставка

Mинистерот за правда Билен Салији

Министерот за правда Билен Саљији вечерва поднесе оставка на функцијата. На вечерашната прес-конференција, тој рече дека причина за неговата оставка е од морални причини по разнишаната доверба во судството, откако пред неколку дена обвинителството го преквалификува обвинението во случајот Алмир.

Детето Алмир Алиу беше прегазено со автомобил од Бобан Илиќ, по претходна расправија меѓу возрасните.

Судскиот случај по две години од убиство беше преквалификуван во сообраќајна незгода. Оштетените сметаат дека детето било згазено намерно и оти Илиќ треба да одговара за убиство.