Премиерот Зоран Заев изјави денеска дека интеграцијата на Македонија во НАТО е стратешка определба и не е во спротивност со унапредување на соработката со Русија.
Министерството за надворешни работи на Русија денеска соопшти дека смета оти плановите за членство на Македонија во НАТО може да имаат негативни последици врз регионалната безбедност и билатералните односи.
Заев порача дека уште од 1993 година со заедничка декларација во Парламентот, Македонија ги има потврдено своите стратешки приоритети. Според него, тоа е членството во ЕУ и НАТО, што не е спротивно со унапредувањето на соработката Русија, кое исто така е стратешка цел на Македонија.