Портпаролот на грчката Влада, Димитрис Ѕанакопулос изјави денеска дека ги очекуваат коментарите и забелешките од Македонија по испратената нацрт спогодба. Тој на редовниот брифинг со новинарите во однос на претстојната посета на шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас на Скопје порача и дека очекуваат да се направат и чекори кон напредок по прашањето.
Ѕанакопулос потенцира дека нацрт договорот ги содржи основните позиции на грчката страна во преговорите, односно „потребата да се најде заемно прифатлив договор со сложено име што ќе важи ерга омнес, односно за севкупна употреба, нешто за што предуслов е и соодветна уставна промена“.