Коѕијас: Спогодбата е испратена до Скопје

шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас

Текст што ги содржи грчките предлози и агенда за идна соработка е испратен до Скопје, изјави шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас во Брисел, по советот за надворешни работи на ЕУ. Тој во изјава за државата телевизија ЕРТ, одговарајќи на прашањето дали при посетата на Скопје ќе ја однесе и грчката нацрт спогодба, вели дека предлозите од Атина се веќе испратени. „Да ви дадам нешто ексклузивно. Изработивме текст со нашите предлози во целост како во однос на отворените проблеми што ги имаме со ПЈРМ, така и за идната агенда на соработка што ќе им донесе корист и на двете страни. Овој текст го имам пратено пред повеќе денови во Скопје“, рече шефот на грчката дипломатија во изјава за државната телевизија ЕРТ. Никос Коѕијас, според најавите, се очекува в четврток и петок да биде во Скопје.