Во шесте земји до Западен Балкан е забележан пораст на бројот на вработени за 3,9 проценти, покажува истражувањето на Светска банка и на Виенскиот институт за меѓународни економски студии за трендовите на пазарот на труд во западен Балкан.
Во извештајот објавен денеска се наведува дека невработеност опаднала од 18, 6 отсто на 16, 2 проценти. Најдобри перформанси за вработување има на пазарот на труд во Косово, потоа следат Србија, Црна Гора, Албанија, Македонија, па Босна и Херцеговина. Но и покрај овој напредок, ниските стапки на активности, особено меѓу женската популација и младите, заедно со високата стапка на долгогодишна невработеност и распространетата на неформалната вработеност и натаму претставуваат предизвик во регионот.
Регионот покажал напредок изминатата година, што значи дека повеќе луѓе може да најдат работа, изјави директорката на Светската банка за западен Балкан, Линда ван Гелер.
Невработеноста меѓу младите која изнесува 37, 6 проценти во регионот, предизвикува клучен предизвик за земјите. Но оваа стапка бележи пад во однос на минатата година.