Русија ќе протера 23 британски дипломати, во одмазнички мерки за ќорсокакот за труењето на поранешниот шпион Сергеј Скрипал. Москва исто така ќе го затвори Британскиот совет во Русија и ќе ја повлече дозволата Британија да го отвори Генералниот конзулат во Санкт Петербург.
Руското Министерство за надворешни работи денеска го повика британскиот амбасадор во Москва поради зголемениот спор околу нападот со нервен гас на поранешниот шпион, објавија руските државни медиуми.
Амбасадорот Лори Бристоу пристигна на разговори во руското Министерство за надворешни работи, пренесеува ТАСС.
Претходно Велика Британија нареди да бидат протерани 23 руски дипломати, како дел од мерките да се казни Русија за труењето на Скрипал и неговата ќерка Јулија во Британија.