Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека Западна Европа е под инвазија на мигранти и оти родените европејци наскоро ќе станат малцинство. Тој на митинг неколку недели пред парламентарните избори во Унгарија оцени дека Европа и се предаде на масовната миграција на луѓе од Африка и Блискиот Исток. Орбан е во кампања за негов трет мандат.