„Одбројување“ на Фросина Пармаковска е добитник на наградата „Роман на годината“ за 2017 година. Романот е објавен од издавачката куќа „Или-Или“, а наградата ја доделува Фондацијата за промоција и унапредување на културните вредности „Славко Јаневски“.
Според образложението на жирито, романот „Одбројување“ претставува ненаметливо раскажана потресна семејна драма од современото скопско секојдневие.
Пармаковска победи во конкуренција на 27 романи. Финалисти на наградата беа и романите „Апокалипса.мк“ на Бранко Прља, издание на „Готен“, и „Диссомнии“ на Игор Станојоски, издание на „Антолог“.