Парламентот на раб на инцидент

Претседателот на Собранието Талат Џафери даде пауза од 15 минути, откако ја започна расправата за Законот за употреба на јазиците, бидејќи пратениците од ВМРО-ДПМНЕ бараа процедурално да се изјаснат и оневозможија седницата да продолжи. Тие ја окупираа говорницата и на Џафери не му дозволуваа да зборува.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски му го исклучи и микрофонот на Џафери, по што тој даде пауза. Џафери на излегувањето од собраниската сала имаше и кус вербален дуел со Груевски.