„Договорот за нуклеарната програма на Иран останува во интерес на Соединетите држави“. Ова го изјави командантот на американските оружени сили генерал Џозеф Вотел во ресорниот сенатски комитет откако претседателот Доналд Трамп претходно за договорот изјави дека бил „ужасен“. „Сметам дека со договорот се решава една од главните закани со која се соочуваме од иранска страна“, рече тој. Трамп кој се заканува дека САД ќе се откажат од договорот изјави дека за тоа имал несогласувања со државниот секретар Рекс Тилерсон кој вчера беше семенет. На негово место Трамп го постави досегашниот директор на ЦИА Мајк Помпео.