САД ќе помогнат, но решението е на Македонија и на Грција
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Oва е одлична можност за доаѓање до решение, рече американскиот помошник државен секретар за Европа и Евроазија, Вес Мичел денеска по средбата со премиерот Зоран Заев во Скопје. Тој нагласи дека тие може да помогнат, но дека единственото трајно решение е она што ќе го договорат двете страни.