Трамп го смени државниот секретар Тилерсон

Мајк Помпео

Американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер соопшти дека го смени американскиот државен секретар Рекс Тилерсон со директорот на Централната разузнавачка агенција Мајк Помпео. „Мајк Помпео, директор на ЦИА, ќе стане наш нов државен секретар. Тој ќе направи фантастична работа. Му благодариме на Рекс Тилерсон за неговата услуга. Џина Хаспел ќе стане новиот директор на ЦИА, прва жена избрана на оваа функција“, напиша Трамп на Твитер.

Потоа, Трамп даде и изјава за медиумите, со образложение дека до смена на Тилерсон доаѓа поради несогласувања за некои прашања.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Трамп го разреши државниот секретар Тилерсон