Шефицата за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини ја повика Украина да направи повеќе во борбата со корупцијата и да воспостави суд за антикорупција во согласност со препораките на независни експерти.
Могерини ја даде изјавата за време на посетата на Киев и по средбите со претседателот Петро Порошенко и премиерот Володимир Хројсман. Украинскиот Парламент на 1 март го помина првото читање на законот за воспоставување на суд за антикорупција. Порошенко изјави дека законот ќе биде усвоен на пролет.