Путин во посета на Крим на последниот ден од кампањата

Рускиот претседател Владимир Путин

Рускиот претседател Владимир Путин ќе го посети Крим во среда на последниот ден од неговата кампања за претседателските избори со цел да присуствува на настани поврзани со четиригодишнината од анексијата на полуостровот. Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков изјави дека се очекува на настанот да присуствуваат илјадници луѓе.

Русија изврши анексија на Крим во март, 2014 година по соборувањето на прорускиот претседател на Украина, Виктор Јанукович по протестите на прозападните Украинци во земјата.