Град Скопје денеска го отстранува постаментот од поранешниот споменик на Андон Лазов Јанев - Ќосето пред Судска палата. На официјалната страница на Град Скопје на социјалната мрежа Фејсбук се објавени фотографии од отсранувањето. Споменикот беше тргнат ноќта меѓу 21 и 22 февруари, а од градот рекоа дека тој бил незаконски поставен. Отсранувањето предизвика и негодување, а дел почитувачи на ликот и делото на Ќосето тогаш се собраа пред отстатоците и положија цвеќе.