Српскиот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура Зоран Михајловиќ денеска потпиша меморандум за соработка со хрватскиот министер за поморски прашања, транспорт и инфраструктура Олег Буткович за развој на железничкиот транспорт.
Меморандумот предвидува заедничка реконструкција на железничката пруга Белград - Загреб.
Пругата е долга 412 километри и со реконструкцијата патувањето со воз од едната до другата метропола ќе се намали од сегашните седум и пол часа на околу три часа. Планот предвидува пругата да биде возовите со брзина од 160 километри на час.
Планирано е годинава да се заврши подготовката на проектно-техничката документација, а работата треба да започне во 2019 година.
За реконструкцијата на пругата на српска територија се потребни околу 250 милиони евра, а на хрватска малку повеќе.